Камионот кај Прилеп – Кавадарци удрил во железен надвозник- сообраќајот се уште пренасочен
На патниот правец Прилеп – Кавадарци кај мотел Дреново од 18 часот и 30 минути сообраќајот е во прекин поради тешко моторно возило кое удрило во надвозник (железен мост – лента за транспорт на руда за Фени).
Сообраќајот се пренасочува од мотел Дреново – Росоман – Кавадарци – Неготино и обратно.
На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација и присутна е сообраќајна полиција
30.01.2019 - 19:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа