Една од тешко повредените во автобусот е трудница - четворица се борат за живот
Најголемиот број повредени во несреќата на автопатот Скопје-Тетово, имаат повреди на екстремитетите и абдоменот.
Пет пациенти се донесени на Ургентен, некои бараат итна интервенција, јавува Сител.
Мобилизиран е целиот медицински тим и ослободени се сите операциони сали.
Од петте повредени, 4 се со животно загрозувачки повреди.
Една од повредените е трудница.
Во болницата 8 септември има 20 пациенти, за среќа межу нив нема деца сега засега.
13.02.2019 - 19:02
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа