Вечера со Бред Пит за 15.000 фунти

Оној кој ќе прати 15.000 фунти ќе ја добие привилегија да помине една вечер во друштвото на познатиот холивудски актер Бред Пит, по повод хуманитарниот настан кој ќе се одржи во Њу Ореанс.

Холивудскиот актер неодамна наполни 50 години, и е спремен да помине една вечер со личноста која доброволно ќе плати 15.000 фунти за неговото друштво. Тие пари ќе бидат префрлени на сметката на хуманитарната фондација „Make It Right“, која помага во изградба на домови за згижување на бездомници.

Освен дружењето со Бред Пит, загарантираное е и ноќевање во најлуксузниот хотел во Њу Орлеанс, како и присуство на хуманитарниот концерт на кој ќе гостуваат Бруно Марс и Kings Of Leon.

Извлекувањето на среќниот добитник ќе биде одржано на 6-ти мај, по што тој ќе има шанса да ја исплати наведената сума за дружба со Бред Бит.

18.04.2014 - 14:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега