Северна Кореја почна да ја снабдува Русија со артилерија за војната во Украина

 

Северна Кореја почна да пренесува артилерија во Русија, зајакнувајќи ги силите на претседателот Владимир Путин во војната во Украина, изјави неименуван американски функционер за Си-би-ес њуз.

Тој не кажа дали трансферот е дел од нов, долгорочен синџир на снабдување или ограничена пратка, ниту што добива Северна Кореја за возврат за оружјето.

Ким му рекол на Путин за време на состанокот во Русија минатиот месец дека може да смета на „целосната и безусловна поддршка“ на Северна Кореја за руската „света борба“ во одбрана на нејзините безбедносни интереси, пишува американскиот ТВ канал.

Висок јужнокорејски функционер изјави дека Сеул е загрижен дека Ким може да побара технологија од Русија за изградба на подморници на нуклеарен погон и понапредни ракети и сателити, покрај соработката за конвенционално оружје.

Официјалниот претставник предупреди дека доколку билатералните врски меѓу Русија и Северна Кореја се продлабочат до тој степен, тоа ќе ја зајакне способноста на Ким да им се заканува не само на блиските азиски сојузници на Америка, Јужна Кореја и Јапонија, туку и на целиот свет.

Од друга страна, како што јави Си-Би-Ес, САД им ги предале на украинските сили залихите на муниција запленети од Иран, соопшти американското Министерство за правда. Залихите на иранска муниција пренесена во Украина од страна на САД, во меѓувреме, вклучува повеќе од еден милион куршуми од 7,62 мм, кои се користат во митралези и пушки.

Со дополнителното американско финансирање за Украина замрзнато засега поради дебатата за буџетот на федералната влада, администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден го искористи трансферот на иранска муниција како решение за континуирана поддршка за Киев.

Иран со месеци ја снабдува Русија со беспилотни летала, што наиде на осуда од Украина, САД и другите западни земји затоа што на Москва и дадоа едно од најсмртоносните оружја во војната.

САД и нивните сојузници ги обвинија Иран и Русија за кршење на друга резолуција на ОН со која се забранува трансфер на такво оружје од Иран без одобрение од Советот за безбедност.

06.10.2023 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега