Српската просветна инспекција инсистира на разрешување на директорката на училиштето „Владислав Рибникар“

 

Српската просветна инспекција предложи разрешување на директорката на училиштето во Белград „Владислав Рибникар“, каде пред неполн месец ученик уби девет соученици и чувар.

Инспекцијата бара да се именува привремен орган на управување и да се разреши Снежана Кнежевиќ како управен орган и директор на таа институција , соопшти Министерството за образование на Србија.

Српските медиуми пренесуват дека во извештајот дополнително се инсистира спроведување на дисциплинска постапка против педагогот, психологот и секретарот на училиштето, кои ќе бидат суспендирани до завршување на постапката.

29.05.2023 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега