Струмица по втор пат имаше градоначалник на еден ден

Средношколката Ангела Витанова денеска беше градоначалник на еден ден на Општина Струмица во рамки на истоимениот проект на локалната самоуправа со „Европската куќа“.

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска ја отстапи својата фотелја по втор пат, откако во јуни оваа „функција“ ја извршуваше Ана Марија Јованова.

– Денеска по втор пат ги отворив вратите од мојот кабинет во рамките на заедничкиот проект „Градоначалник на еден ден“. Добредојде и посакав на средношколката Ангела Витанова со која заедно ја реализираме мојата денешна агенда. Младите во Струмица не се само неми набљудувачи, туку активни учесници во општинските политики и креатори на сегашниот и идниот развој на нашата Струмица, објави струмичкиот градоначалник.

Додаде дека „градоначалниците“ од редовите на младите ќе се менуваат, но целта секогаш останува иста-создавање подобра Струмица за сите, но и транспаретна, отчетна и голем пријател на младите.

08.08.2022 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа