Василевска: Законот за наставници на СДСМ ги дискриминира наставниците, придобивките важат само за новите партиски вработени

Придобивките од Законот за наставници и стручни соработници важат само за НОВИТЕ ПАРТИСКИ ВРАБОТУВАЊА, пишува на социјалната мрежа проф. Иванка Василевска од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Во член 25 од предлогот на овој Закон се регулира кој е подобен, а кој не или со други зборови, новите законски измени се однесуваат само за новите партиски вработувања. Наставниците со 5/10/15/ ... години работно искуство, наместо да бидат наградувани, мотивирани, со овој Закон тие ќе бидат ДЕМОТИВИРАНИ!
 
До кога партиите на власт ќе одлучуваат кој е подобен партиски, а кој не да ги учи нашите деца“, се вели во нејзината објава на Фејсбук.

18.02.2022 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега