(ВИДЕО) Снопче за ТВ24: Алијанса за Албанците е само посматрач на овој спектакл на политичката сцена

Гледаме дека на политичката сцена се случува спектакл. Сите се учесници, а Алијанса за Албанците е посматрач. Пред да се случат овие превирања реков дека е вообичаено поранешните лидери да се мешаат во работата на актуелните претседатели и во партијата. Ние успешно избравме нов лидер, Арбен Таравари, со сиот респект кон претходниот претседател Зијадин Села. Но, кај нас нема спектакли. Ние рековме дека нашите осум пратеници нема да гласаат за измените за Кривичниот законик без оглед што сме владин коалициски партнер. Опозицијата и од албанската страна и од македонската страна ако беа толку против можеа да дојдат и да гласаат против. Оттука, не им е виновен министерот Кренар Лога, и не треба да префрлаат вина кај Алијанса за Албанците која е партија која е посматрач и не учествувала во ниеден скандал, вели Халил Снопче од Алијанса за Албанците во емисијата 24 анализа на ТВ 24.

- Кој го пушти Никола Груевски да избега? Па овие двете големи партии се договорија и го пуштија, вели Снопче.

21.09.2023 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега