ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја остави земјата без вакцини- народ умира по болнички ходници
Зоран Заев наместо да се фати за работа, оди по соседството и се моли за вакцини. Вакцини не доби од Грција, не доби ниту од Бугарија, а вакцината која како милостиња му ја даде Вучиќ уште не е стигната ниту во Србија, а Заев побрза да се пофали дека измолил вакцини кои друг ги договорил, нарачал и платил, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Да го послушаше Заев ВМРО-ДПМНЕ требаше да стапи во контакт со светските производители уште при крајот на претходната година, кога тоа го правеа сите земји од регионот и светот. Но тогаш Заев се надеваше на донации, и наместо да се фати за работа тргна да моли. Вакцини сега пристигнуваат секаде, само нема во Македонија. Регионот забрзано се вакцинира, а Заев ги лиши нашите граѓани од правото да се вакцинираат, велат од партијата.
Од таму додаваат дека бараме веднаш да запре со циркусот и да се фати за работа. Доколку не може да испреговара за вакцини нека побара помош, чесно е да каже дека е неспособен.
-Народот умира по болнички ходници, додека се чека вакцина. Ситуацијата бара сериозност, се наведува во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа