Врие во Алијанса за Албанците

Зоврива атмосферата во Алијанса за Албанците. Откако крилото на села закажа партиски Конгрес во сабота на кој се најавува разрешување на лидерот, Таравари, кој од вчера влезе во претседателската трка беше побрз па својот конгрес го закажа за вечерва. Паралелните конгреси во Алијанса доаѓаат по расколот меѓу Села и Таравари а како причина е одлуката на лидерот да и се приклучи на опозицијата во албанскиот етнички блок.

Актуелниот партиски лидер кој до пред десетина дена тврдеше дека не е заинтересиран за претседателската кандидатура вчера кога ја прифати рече дека го премислиле поддржувачите додавајќи дека е време за албански претседател но не технички како што рече туку вистински со полн мандат.

Влезот на Таравари во претседателската трка најавува жестока кампања имајќи предвид дека тоа веројатно ќе го повлече и ДУИ во неа каде како најсериозен кандидат за ривал на Таравари се споменува Бујар Османи.

Во македонскиот блок се уште ништо не е познато. Откако Пендаровски го држеше приматот за фаворит на Бихаќка, сега во игра влегува и Радмила Шеќеинска чие име се повеќе се врти меѓу поддржувачите на СДСМ.
Во ВМРО-ДПМНЕ и натаму се води практично мртва трка меѓу Силјановска и Спасеновски каде членството е приклонето кон помладиот од двајцата професори на правниот факултет.
Во игра веќе е Билјана Ванковска како кандидат на Левица, а кандидатура најави и Вело Марковски. Од помалите партии, свој кандидат се очекува да исфрлат Максим Димитриевски и Стевчо Јакимовски.
За да се влезе во претсдателската трка потребни се 10.000 потписи или 30 пратеници во Собранието. Собирањето потписи почнува идниот петок а кандидатурите во ДИК треба да бидат пред 20 март.


16.02.2024 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега