Заев: Платите на лекарите ќе растат и натаму, продолжуваме уште повеќе да инвестираме во здравството

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Телевизија Клан истакна здравството во овој период е клучен сегмент во државата и затоа инвестициите во неговото унапредување, продолжуваат уште повеќе.

- Цел столб во програмата на Коалицијата посветивме на темата КОВИД 19. Во услови на најтешка светска криза, покажавме како треба да се работи и како може да се создаде доверба кај граѓаните во здравствените работници и здравствениот систем. Сериозно инвестиравме во здравството во овие три години, 40 здравствени објкети реконструиравме и доопремивме, платите сериозно ги зголемивме. Секако продолжуваме и во следниот период со инвестирање во јавното здравство. Вложуваме 33 милиони евра во одделенијата за интензивна нега, за модернизација и современа опрема. Продолжуваме да вложуваме во човечкиот капитал. Платите на здравствените работнции ќе ги зголемиме за вкупно 40 отсто до 2024 година, односно секоја година ќе ги зголемуваме по 10 отсто, рече Заев.

Посочи дека со сериозниот раст на платите, се сопрел бранот на иселување на лекарите од државата, а довербата во здравствениот систем дека е се на високо ниво. 

-  Сериозно се зголемија платите на здравствените работници  и тоа за околу 40-50 отсто споредено со претходните три години. Просечната плата на еден специјалист во 2017 била  72.000 денари,– сега таа е околу 112 000 денари, или, медицинска сестра со високо образование сега добива над 50.000 денари бруто, за разлика од 2017 година кога просечната бруто плата изнесувала нешто над 37.000 денари. И нема да застанеме тука, туку уште повеќе ќе инвестираме во здравството, затоа што тоа е исправно и чесно, заклучи Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 21:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега