Македонија на светскиот врв според смртноста од КОВИД 19


Македонија останува на светскиот врв според смртноста на корона вирусот. По вчерашните 27 смртни случаи, само 5 земји во светот имаат поголема смртност на милион жители од Македонија. Меѓу нив е и Гибралтар, земја која има само 30.000 жители и нејзината статистика не е баш релевантна кога станува збор за вакви математики. Па така, во Европа на пример пред нас се само Унгарија, Босна и Херцеговина и Чешка, а растот на нови смртни случаи најавува дека ќе се пробиеме уште некое место повеќе.

До сега, во Македонија починале 2734 лица на милион жители. Вкупниот број на починати во Македонија до овој момент изнесува 5695

24.08.2021 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега