Катар бара навивачи за осминафиналето - плаќаат хотел и превоз

Катар вложи огромни финансиски средства во подготовките и организацијата на Светското првенство, но повеќе од очигледно е дека потфрли во обидот да привлече публика во арените.

hrvats1

 

Веќе неколку денови, трите сали се речи си целосно празни. Така, во салата Лусаил, со капацитет од 15 илјади гледачи, просечната посета е околу 3 илјади, додека најмала посетеност има во салата Духаил – просечно илјада, иако капацитетот е 5 500.

-Катарците практикуваа на ракометните натпревари да плаќаат работници од Бангладеш, кои таму ги има многу, со цел да ги наполнат трибините, а за два часа гледање би добиле сендвич сок и 10 долари, откри Ненад Кљаиќ кој како тренер неколку години работи во Катар.

Интересна е и изјавата на еден шпански навивач, Хозе Манолас, кој на првенството претстојува на сметка на домаќинот: 

-Не верував кога добив покана три недели бесплатно да престојувам во Доха и да навивам за својата репрезентација. Платени ни се хотелот, патните трошоци, храна, па добивме дури и бесплатни влезници.

Не се исклучува можноста Катарците во пресрет на осминафиналето да организираат бесплатно следење на натпреварите. Таму веќе е Македонија, па не е исклучено инаши навивачи да добијат понуда на сметка на организаторот да се појават на трибините.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега