Обрван: Ќе пробаме да бидеме први во групата

За ракометната репрезентација на Македонија денеска е слободен ден, а по трите победи утре следува дербито во групата со Хрватска, селекција која исто така има три триумфи.

- Имаме малку време за подготовка, но тоа е така за нас и за сите други. Не очекува тежок натпревар против Хрватска, селекција која секое првенство е меѓу првите 3-4 репрезентации. Со трите победи дојдовме во ситуација да се бориме за првото место во групата со Хрватска и ќе пробаме да ја искористиме оваа шанса. Во оваа работа нема емоции, јас сум со Македонија и со моите играчи и ќе бидам среќен со позитивен резултат. До крајот ни остануваат уште два тешки натпревара. Хрватска доминира со одбраната, изјави селекторот Ивица Обрван.

На прес-конференцијата беше и Филип Миркуловски според кого полуконтрите и контрите се најсилното оружје на Хрватите.

- Не очекува неизвесен натпревар и борба за прво место во групата. Ќе треба да ги спречиме нивните контри и полуконтри. Треба да се обидеме да ја играме нашата игра како на отворањето со Тунис, истакна Миркуловски.

Натпреварот Македонија - Хрватска од 4.коло во Б групата на Светското првенство се игра утре со почеток од 17 часот. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 12:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега