Голужа: Македонија дополнително ќе се „напали“ да не победи
Македонија и Хрватска по три кола имаат максимален учинок на Мундијалот во Катар, а нивниот утрешен меѓусебен меч ќе биде битка за првото место.
-Македонија е многу добра репрезентација, речиси цела година се заедно бидејќи поголемиот дел играчи се од домашните клубови Металург и Вардар, плус одличниот Кире Лазаров. Сигурно дека дополнително ќе бидат „напалени“ да не добијат. Наш рецепт за победа е јасен, добра одбрана и многу трчање, вели хрватскиот селектор Славко Голужа.
Хрватска синоќа го совлада Иран со 41:22, но Голужа вели дека не е задоволен од некои работи.
-Во некои делови од натпреварот не бевме добри, па морав непланирано да менувам и да внесувам играчи од првиот состав. Им дадов на играчите потполна слобода, но барав од нив одговорност. Бев лут што некои беа недисциплинирани. Треба да се игра со глава, а не со срце, вели Голужа.
Мечот помеѓу Македонија и Хрватска се игра утре со почеток во 17:00.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа