ВИДЕО: Кличко во април против Џенингс

Светскиот шампион во тешка категорија Владимир Кличко ќе ја брани титулата против непоразениот предизвикувач Американецот Брајант Џенингс во Њујорк на 25-ти април.

За прв пат по седум години, 38-годишниот Украинец, кој има појаси во ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, ќе се обиде да ја одбрани титулата на американско тло и тоа во „Медисон Сквер Гарден“.

Кличко нагласи дека неговиот иден противник одлично се движи и дека има респектабилна боксерска техника.

Кличко досега има 63 победи и три порази, а последен пат се бореше во ноември кога го нокаутираше предизвикувачот Кубрат Пулев од Бугарија.

Брајант Џенингс

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 13:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега