Вори: Македонија има екстра играчи

Еден од најдобрите хрватски репрезентативци Игор Вори вели дека Македонија не случајно забележа три победи од исто толку натпревари на Мундијалот во Катар.

-На последните два-три турнири Македонија игра одличен ракомет и не е случајно ова што го покажаа досега. Имаат две силни екипи кои имаат добри мечеви, го имаат еден Кире Лазаров кој е глава на екипата, но јас реков дека не победуваат индивидуалци, туку екипата. Македонија има неколку екстра квалитетни играчи и сигурно дека ќе бидат дополнително мотивирани против нас, изјави Игор Вори.

Дуелот помеѓу Македонија и Хрватска се игра утре со почеток во 17:00 часот.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега