Обрван: Нема емоции против Хрватска, Македонија е мојата репрезентација

Македонија денеска е слободна, а утре ја очекува уште еден тежок меч за првото место во групата.

- Имаме малку време за подготовка, но тоа е така за нас и за сите други. Не очекува тежок натпревар против Хрватска, селекција која секое првенство е меѓу првите 3-4 репрезентации. Со трите победи дојдовме во ситуација да се бориме за првото место во групата со Хрватска и ќе пробаме да ја искористиме оваа шанса. Во оваа работа нема емоции, јас сум со Македонија и со моите играчи и ќе бидам среќен со позитивен резултат. До крајот ни остануваат уште два тешки натпревара. Хрватска доминира со одбраната, изјави селекторот Ивица Обрван на денешната прес-конференција во пресрет на дербито во групата Б со Хрватска.

Дербито во групата Б се игра утре со почеток во 17:00 часот.

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега