Новак и Надал не се проблем, Федерер се плаши од сопругата Мирка

Роџер Федерер е сопственик на 17 грен слем титули и не се плаши од Новак Ѓоковиќ или од Рафаел Надал, но не му е сеедно кога игра против сопругата Мирка.

Таа професионално се занимавала со тенис и била на 76-то место на ВТА рангирањето.

Но, во 2002-та година морала да се повлече поради постојани проблеми со стапалото.

„Таа игра навистина одлично, за разлика од мене“, вели тенискиот ас од Швајцарија.

„Поради тоа се трудам да не играм против неа кога сме на одмор заедно. Не сакам толку силни натпреварувања кога сум на одмор“, рече Федерер пред медиумите.

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 20:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега