Брутално виде: Ова е можеби најстрашниот клизачки старт на 21 век

Се случиле многу брутални клизачки стартови во фудбалот, поради некои од нив поедини фудбалери добиле надимаци како „месар“, „убиец“ и слично, но тоа што се случи во Аргентина викендов ги надмина сите досегашни вообичаени прекршоци.

Во пријателски меч Бока Јуниор играше против Расинг клуб и изгуби со 1:4, добар дел од првото полувреме и двете екипи играа со двајца исклучени играчи.

Второто исклучување беше поради бруталниот потег на 22 годишниот десен бек Бока Леандро Марин, кој за малку ќе му ја скршеше ногата на Рикардо Сентурион. кога од зад грб со клизачки старт, без никаква намера да дојде до топката, го удри ривалот со целата сила по листот.

Погледнете и самите:

 

Да работите бидат уште позачудувачку, Марин делуваше разочаран откако судијата му додели црвен картон: 

 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега