Грците со протест до Катар: Македонија да игра како ФИРОМ

Грчката ракометна репрезентација не настапува на Светското првенство во Катар, но најде начин на протестира до Светската ракометна федерација (ИХФ). Причината за протестот на грчката федерација до ИХФ е употребата на уставното име на Македонија од стрнана домаќинот на шампионатот.

  - Во однос на неправилното користење на името ФИРОМ, во одредени случаи на Светското првенство во ракомет во Катар, а на кое учествува соседната земја, грчката ракометна федерација упати писмо до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) од која бара да реагира до организаторот за секаде каде што се објавува името ФИРОМ, тоа и целосно да се користи, се вели во соопштението на грчката федерација, а пренесува "Канал 5".  На првенството во трите натпревари што ги одигра Македонија, организаторот го користеше уставното име.  

"Црвено-жолтите" уште по пристигнувањето на првенството во Катар ја извојуваа првата битка. Тие одбија да влезат во автобус на кој стоеше ФИРОМ, па домаќинот мораше да обезбеди автобус со уставното име. 

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 23:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега