Добри вести од Катар за состојбата на Немања Прибак

Здравствената состојба на средниот бек на македонската ракометна репрезентција Немања Прибак е значително подобра во однос на вчерашниот ден, но се уште е неизвесно дали ќе настапи на денешниот натпревар против Хрватска.

Прибак во текот на вчерашниот ден се здоби со труење со храна поради што мораше да мине неколку часа во болница, но последните информации од нашиот табор говорат дека состојбата на овој ракометар се стабилизирала во текот на ноќта

-Прибак е многу подобар отколку што тоа беше случај во текот на вчерашниот ден. Тој се чувствува многу поздраво, добива на сила откако вчера беше целосно истоштен. Ќе видиме како ќе течат работите во текот на денот, по што непосредно пред мечот ќе донесеме и одлука дали тој ќе настапи против Хрватска – изјави за Екипа, директорот на македонската репрезентација, Никола Панчевски

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега