„Македонците играат од срце и го имаат најдобриот десен бек во светот“

На Мундијалот во Катар присутни се голем број на поранешни ракометни ѕвезди, а еден од нив секако е Стефан Кречмар.

Поранешниот германски репрезентативец Стефан Кречмар не се одлучи да стане ракометен тренер, како тоа што го направија голем број ракометари. Тој во моментов работи како коментатор за германската Спорт 1 телевизија, а иако немаат преноси од СП во Катар, сепак тој е присутен во Доха.

Вели дека го следи првенството, има свои фаворити, а секако ја анализираше и Македонија.

-Малку го гледав мечот помеѓу Македонија и БиХ. Македонците секогаш се незгодни, неверојатна екипа. Мене не ми е јасно како победуваат. Играат со полно срце, го имаат веројатно најдобриот десен бек во светот во моментов. Го обожавам Кире Лазаров, колку само многу тоа момче го разбира ракометот. Голема ѕвезда. Нивниот голман воопшто не ми личи на спортист, но брани одлично, ме воодушевува. Останатите не се баш некои индивидуалци. Талентот им е лимитиран, но секогаш во целост го пренесуваат на теренот и го даваат максимумот. Играат од срце и многу се борбени, им се гледа гордоста во нивната игра, вели Кречмар.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега