Чешки судии за мечот Македонија-Хрватска

Чешката судиска двојка Вацлав Хорачек - Јиржи Новотни се делегирани да го судат дербито на 4.коло во групата Б на Светското ракометно првенството меѓу Македонија и Хрватска.

За Чесите ова е трет натпревар на кој ја делат правдата на овој Мундијал. Претходно ги судеа средбите Шпанија – Белорусија 38:33 и Полска - Аргентина, 24:23.

Македонија и Хрватска на овој натпревар влегуваат со по три победи од првите три кола и најверојатно од исходот ќе зависи која репрезентација ќе го освои првото место во групата, што значи условно полесен противник во осминафиналето.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега