Што вели тренерот на Атланта за Антиќ?

Тренерот на Атланта Мајк Буденхолцер во изјава за популарната спортска ТВ мрежа „ЕСПН“ упати пофални зборови на адреса на македонскиот кошаркар Перо Антиќ.

Веќе втора сезона македонскиот центар игра во најсилната кошаркарска лига во светот. Перо Антиќ е првиот Македонец кој заиграл во НБА лигата и не само што заиграл, туку во тимот на Атланта има голем удел во нивниот успех.

Тоа, секако го призна и тренерот на „Јастребите“ Мајк Буденхолцер.

-Тој е навистина уникатен. Тој прави нешта кои треба да се навратите наназад за одново да ги погледнете и обично тие се брилијантни. Не мора да значи дека тоа е поради нешто што ние сме му рекле. Тој е навистина многу паметен, инстинктивен играч. Треба да ги гледаме неговите снимки од натпреварите и да учиме од него, вели тренерот Мајк.

Во текстот посветен на Антиќ, ТВ мрежата „ЕСПН“ ја анализира играта и учинокот на Македонецот во изминатите две сезони во НБА лигата. Авторот на текстот потенцира дека Антиќ е одличен кошаркар, кој не е доволно искористен, но сепак и она време што го поминува на паркетот целосно го искористува.

Целосниот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега