Мистериозен убод можеше Федерер да го чини елиминација од АО

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер успеа да го помине второто коло на Грен слемот Австралија Опен, но победата над Италијанецот Симеоне Болели во еден момент беше доведена во прашање, откако вториот светски рекет побара медицинска интервенција.

При резултат 0-1 во сетови Швајцарецот се пожали на силна болка во еден прст од десната рака.

-Никогаш во животот не сум почувствувал таква болка. Не бев сигурен за што станува збор, но на крај се покажа дека е убод. Не знам што точно ме боцна. Всушност и не се гледа, само се надевам дека состојбата нема да се влоши, изјави Федерер.

Мечот кој се одигра утринава по македонско време, заврши со победа на Федрер од 3-1, по сетови 3:6, 6:3, 6:2 и 6:2.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега