Ливерпул го договори Лавеци

Раководството на Ливерпул веќе го договорило трансферот на напаѓачот на Пари Сен Жермен, Езекиел Лавеци, јавуваат англиските медиуми.

29-годишниот аргентински напаѓач се очекува да пристигне во Англија во текот на следните неколку дена.

Вредноста на трансферот е проценета на 10,5 милиони евра, плус дополнителни бонуси во зависност од прикажаните игри и учинокот на Лавеци во „црвениот" дрес.

Најдобрите игри Лавеци ги прикажуваше во Наполи, од каде во 2012 година отиде во ПСЖ. Сезонава во француското првенство и во Лигата на шампионите постигна само два гола.

 

 

Оцени ја веста

21.01.2015 - 14:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега