Кристални велигденски јајца обоени во црно вино

Ако одлучивте оваа година да ги боите јајцата со природни бои, еве уште еден предлог, овојпат за виолетова боја.

Верувале или не, за овој ефект ви е потребно само најобично црно вино. За 20 јајца потребни ви се 2 литра вино. Јајцата прво меко сварете ги. Потоа истурете ја водата од тенџерето и налејте го виното.

Ставете да се варат заедно со виното 30 минути. Тргнете ги од шпоретот и оставете да се оладат. Во текот на варењето не ги мешајте јајцата, за да не направите гребаници.

Ќе добиете јајца со убава виолетова боја и кристали нафатени на лушпата. Ако не сакате кристалите да останат, премачјакте ги јајцата со салфета натопена во масло.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2019 - 20:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега