Утре е Велики Четврток, рано се вапцаат јајца - Првото има голема моќ

Утре е големиот празник Велики Четврток кога се вапцаат јајца. На Велики четврток се фарбаат велигденските јајца, а треба да преовладува црвената боја.

Првото јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото за бериќет и за стоката.

Обичаите велат дека домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапсувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапсува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапсува да биде несреќен и болен…

Се вапцаат јајца со првите сончеви зраци.

Домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2019 - 19:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега