Панова: Изборот на синот на Талат Џафери за обвинител, за кој ДКСК отвори постапка дека положил правосуден пред да заврши факултет е директен удар врз правосудството

„Во Република Македонија не владее правото, во Република Македонија владеат СДСМ и ДУИ. Ова треба да остане запаметено бидејќи дојдоа на власт преку паролата „нема правда, нема мир“. Меѓутоа еве за пет години видовме дека не направија ништо во врска со реформите кои што ги најавуваа во судството“, истакна Ели Панова, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Панова додаде дека единствените реформи на власта им се тоа што судии, обвинители се избираат од фото албумот на СДСМ и ДУИ.

„Она што јас би сакала да го искоментирам во врска со овој конкретен случај е дека буквално секој има право да конкурира, да се запише, да направи одреден успех, и да се рангира на одредена листа. Меѓутоа за лица за кои што постојат сомневања и притоа ДКСК отворила предмети како што е на пример случајот со синот на Талат Џафери за кој што излезе во јавноста дека всушност тој без завршен факултет имал право да полага правосуден испит и утре треба да биде обвинител или судија е директен удар врз судството и обвинителството. Впрочем како ние утре да веруваме дека некој од овие лица ќе дели правда во Република Македонија кога се отворило ваква дилема без да биде притоа затворена за јавноста и без да биде одговорено од институциите од кои што се очекува било каков одговор“, рече Панова.

Таа посочи дека довербата кај граѓаните во судството е драстично падната, и тоа е показател дека државата не се движи во правилна насока.

21.02.2023 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега