Панова за падот на системот на ФЗОМ: Не треба да се помириме дека сега функционира, мора да има одговорност

„Според мене се е проблем и се е проблематично заради тоа што со овој случај се откри всушност како не функционираат на дело нашите институции“, истакна Ели Панова, пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија говорејќи за крахот на ФЗОM.

Панова додаде дека за крахот кој што се случи на ФЗО потребна е одговорност и да одговараат надлежните.

„Дајте да видиме колкава е штетата од сето тоа. Дајте да видиме дали воопшто нешто било загрозено. Дајте да видиме колку боледувања имало неисплатени. Дајте да видиме колку граѓани не можеле да си го земат лекот навреме и морале да го платат од сопствениот џеб заради тоа што не функционирал целиот систем. Мора да се направи анализа на се“, заклучи Панова.

Таа посочи дека е потребно да се свика надзорна расправа, за да се повикаат одговорните лица на ФЗО и да се увиди колкава штета всушност треба да ја платат граѓаните на Република Македонија заради тоа што некој од директорите не направиле контрола навреме, не спровеле тоа што требало да се спроведе.

„Никако не треба да се помириме со тоа дека тоа денес овој систем функционира, без притоа од одговорните да не одговараат“, рече Панова.

„Институциите треба да излезат, треба да утврдат дали воопшто некој треба да сноси некаква одговорност, но треба и да дадат многу одговори зошто две недели го оставија македонскиот народ така“, заклучи таа.

Панова укажа дека институциите во оваа држава треба да сносат одговорност.

21.02.2023 - 19:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега