СДСМ: Мицкоски утна сѐ, нема рестрикции за струјата

„Христијан Мицкоски промаши сѐ што предвиде во делот на енергетиката, ниту едно негово црно сценарио не се оствари.
Мицкоски ја плашеше јавноста дека енергетскиот систем бил пред колапс, дека ќе има рестрикции на електричната енергија“. Вака реагираат од владејачката СДСМ во соопштение испратено утрово до медиумите.

Го обвинуваат опозицискиот лидер дека лажел дека цената на струјата ќе поскапи за над 50 отсто, дека во државата нема доволно гас и енергенси.

„Сите овие лаги на Мицкоски паднаа во вода.  
о одговорните мерки и политики на СДСМ денес енергетскиот систем функционира беспрекорно.

Сите домашни капацитети за производство на струја се во функција, што резултираше со зголемено производство на електрична енергија за 40 отсо само во почетокот на оваа година.

Тоа придонесе 72.000 компании да плаќаат значително пониски сметки за струја, додека за домаќинствата цената на струјата не само што не се зголеми, туку и благо опадна“, се вели во реакцијата на СДСМ.


21.02.2023 - 09:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега