Млада Албанка ја донесе љубовта во Тиквешијата каде роди две деца

Kога се омажив во Македонија, си реков, каде дојдов јас од Тирана во оваа дивина во неготинското испустено село Вешје. Но иако е селото мало, кога љубовта е голема, може убаво да се живее, вели 28-годишната Аурора Тодорова за Дневник. Таа со својот сопруг Тони шест години живее во селото и имаат две деца.

- Дојдов од голем град во мало село и од преголема возбуда од промената на почетокот еднаш се изгубив. Kако млада невеста тргнав по вода на селската чешма и заборавив каде беше нашата куќа. Не можев да ја најдам. Сретнав една баба и почнав да ја прашувам да ми објасни како да стигнам до дома. Но таа не можела да ме разбере убаво по говорот, па отишла му кажала на мојот сопруг „оди барај си ја невестата ти се изгуби“. Тој веднаш дојде по мене. Му кажав што ми се случи и слатко се изнасмеавме по тоа. Сега веќе се навикнав на селото и многу ми е убаво, за весникот раскажува Аурора.

Ни раскажуваше смирено и со насмевка на лицето кога деновиве случајно ја сретнавме во селото Вешје, каде што живее со 42- годишниот сопруг Тони и двете деца.

- Само два месеца живеевме во селото Долни Дисан кое е поблиску до градот. Kолку да ме залажи што се вели, па оттогаш сме тука во Вешје - се шегува и се смешка пријатната млада жена.

Целата сторија прочитајте ја на Дневник

15.10.2014 - 17:26


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега