Јапонска донација во нова опрема за Неврологија

 

Еден ултразвук доплер, видео ЕЕГ и првиот транскранијален доплер во Македонија се обезбедени со помош на јапонска донација за Универзитетската клиника за неврологија. Проектот за опремување на Клиниката во износ од 73.269 евра е финансиски поддржан од Грант помошта за поддршка на мали проекти од Владата на Јапонија.

Амбасадорот на Јапонија, Макото Такетоши денеска ќе ја посети Клиниката за неврологија и ќе изврши увид на новата опрема во таа јавна здравствена установа.

Апаратите обезбедени со неповратна финансиска помош се очекува да ја подобрат медицинската услуга за 4.400 пациенти во првата година.

16.10.2014 - 09:27


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега