Заврши кошмарот за семејството Петрови од кочанско - добија кров над глава

Со заеднички средства на општината Зрновци и Министерството за труд и социјална политика е изграден нов дом за живеење за семејството Петрови во селото Мородвис, на кои пролетта им падна кровот и дел од семејната куќа.

За изградбата на новата семејна куќа на Петрови општината Зрновци и МТСП досега инвестираа над 200 илјади денари.

- Семејството е со социјален ризик и корисник на постојана социјална помош. Иницијативата на градоначалникот на општина Зрновци и на Центарот за социјални работи од Кочани ја прифативме и во фаза сме на обезбедување топол дом со пристојни услови за живот на семејството Петрови, изјави министерот Спасов кој денеска го посети семејството.

Додаде дека МТСП ќе обезбеди и дополнителни средства за довршување на започнатите активнсоти, а преку акцијата се грижиме за топол дом ќе биде обезбеден мебел и останати електрични апарати за семејството. 

Директорот на Центарот за социјална работа од Кочани, Весна Данева со заложба преку нивниот центар да бидат прифатени сите иницијативи од корисниците на социјална помош. За семејството Петрови таа најави и отпис на дел од долговите.

17.10.2014 - 14:27
Фото: 
денешен


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега