„Немам јас што да им вратам, ќе им врати животот“

Македонската пејачка Тамара Тодевска изгледа деновиве некој многу ја изнервирал, па морала својот бес и разочарување од некои луѓе да го искаже преку социјалната мрежа Фејсбук. 

- Со лошотија и злоба нема никаде да стигнете. Се уште ми е нејасно, шо чоек треба да си бре, само лошо да мислиш и праиш. Кармата ќе враќа и на вашите правнуци, мислете малце и на тоа. Живели...", напишала пејачката.

Пријателите ја посоветувале дека треба да им врати со љубов на тие што ја разгневиле со својата злоба.

-Ма шо ги вртам, не им враќам. Ме јаде што повеќето се такви бре. Злобни, лоши, гадни. Жално е, многу жално. Не се свесни дека животот ќе има врати дупло. Какво ти е срцето, таков ти е животот. Немам ја шо да им вратам, ќе им врати животот", додала Тамара, која освен со хит песните последниот период ја бранува јавноста и со градите.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега