Нашиот Трајче еден од 5 фаворити за победа

Според анкетата што ја спроведе српското списание „Пулс’’ на својот портал, Трајче Георгиев се наоѓа во топ пет фаворитите за победа во музичкото шоу „Пинк ѕвездички’’. Во анкетата учествувале преку 50.000 луѓе.

 

На прво место како фаворит за победата се наоѓа Игор Лазаревиќ со 20,5% гласови, на второ Матеја Вукашиновиќ (19,9%), на трето Лена Стаменковиќ (10%), на четврто Трајче Георгиев (9,4%) и на петата позиција Давид Радосављевиќ (6%).

 

-Себе се гледам во финалето, а тоа ми го рекоа и членовите на жирито. Но, не се оптеретувам многу со тоа да треба да победам. Се пријавив да се слушнам себеси како пеам и да стекнам искуство на таква сцена. Некако сега ме гледаат како да сум познат, популарен, се фотографираат со мене. Сето тоа ми е чудно помалку, но секако дека ми годи. Мислам дека најголем конкурент ми е Марија Сердар, изјавил Трајче за „Пулс’’.

Музичкото шоу „Пинк ѕвездички’’ на 13-годишниот Трајче Георгиев му донесе изненадна и голема популарност во Струмица. За кратко време, тој стана миленик на струмичани, претежно помеѓу тинејџерките кој секој момент го користат да се фотографираат со него.

 

Инаку, песната „When I was your man’’ во изведба на Трајче Горгиев на Јутјуб каналот има забележани неверојатни 1.415. 375. прегледи до сега.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега