„Човек птица“ доби 4 Оскари, меѓу кои и еден за најдобар филм

Победа на независниот филм на синоќешното доделување на Оскарите. „Човек птица“ доби 4 Оскари, меѓу кои и еден за најдобар филм.

Покрај триумфот и освојувањето на четири статуетки за „Човекот птица“ и „Гранд хотел Будимпешта“, и минатогодишното откритие на Санденс фестивалот, „Whiplash“ зема три Оскари.

Еди Редмејн го зема Оскарот за најдобра машка улога за ликот на Стивен Хокинг во „Теорија за се“.

Алехандро Гонзалез Инариту е најдобар режисер за  „Човекот птица“ кој освои и Оскар за оригинално сценарио  а „Игра на кодови“ доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио.

Очекувано Оскарот за најдобра женска улога отиде во рацете на Џулиен Мур за одличната изведба во „Сепак Алис“.

Патриша Аркет го освои Оскарот за најдобра споредна женска улога во „Момчештво“

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега