Прилепчанец пронајден мртов во својот стан - пожарникарите влегле од тераса

Вечерва, во Прилеп, во населбата Точила, 60-годишниот прилепчанец В.М. бил пронајден мртов во својот стан. Соседите и жената, која го чистела неговиот стан, загрижени бидејќи неколку дена го немале видено ги повикале неговите роднини. Тие откако не успеале да влезато во станот ги алармирале надлежните служби, пренесува локалниот портал Инфо компас“.

Пожарникари, со одобрение на полицијата, со помош на корпа влегле во станот, на 4-тиот спрат, преку терасата кршејќи ја вратата која била заклучена. В.М. го пронашле. Смртта ја констатирала екипата на Итната помош од Прилеп. А на лице место излезе и дежурен јавен обвинител.

– Кај телото не се пронајдени траги на насилство. Станува збор за природна смрт. Лицето претходно имало сериозни срцеви проблеми. Пожарникарите во присуство на неговиот внук преку терасата влегоа внатре и го пронајдоа телото. Нема да има обдукција на телото- изјавил Дамчо Кочоски, заменик јавен обвинител.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2019 - 23:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега