Робин Вилијамс повторно во улога на г-ѓа Даутфаер

Познатиот актер Робин Вилијамс повторно ќе го одигра култниот лик на госпоѓа Даутфаер од истоимената хит- комедија од 1993 година. Тој заедно со режисерот Крис Колумбус во моментов размислуваат за деталите на проектот, а  идејата за продолжението е на писателот Дејвид Беренбаум, кој веќе го има напишано сценариото.

Во оригиналниот филм “г-ѓа Даутфаер” Робин Вилијамс влезе во улогата на неуспешен актер и разведен татко на три деца, кој ја измислува сликата на дадилката госпоѓа Даутфајер, за да поминува повеќе време со своите деца. Комедијата доживеа огромен успех. Приходите во САД достигнаа 219 милиони долари, а во странство – 222 милиони. За улогата Робин Вилијамс доби “Златен глобус” за најдобар актер во мјузикл или комедија, а филмот беше награден со “Златен глобус” за најдобар мјузикл или комедија. Идејата за продолжение на “Г-ѓо Даутфаер” се дискутира уште од 2001 година, но до овој момент немаше конкретни чекори кон остварување на тогашните предлози. 

18.04.2014 - 14:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега