Софија Вергера советува- по дома не одите без градник и со виснати гради

Ѕвездата на серијата „Модерно семејство“ која неодамна сними секси сцена со Шерон Стоун, во интервју призна дека е мошне палава во креветот, но и дека не ги занемарува потребите на партнерот, туку сака да му угоди.

Преубавата Колумбијка која досега многу пати е прогласувана за една од најпосакуваните жени во Холивуд, призна дека е воспитувана дека жените треба секогаш да бидат привлечни и да се облекуваат за да ги заведат мажите, па затоа секогаш носи припиени и провокативни комбинации.

Таа поради тоа никогаш не носи широки или развлечени работи:„Позната сум по градите и тоа понекогаш ме нервира, бидејќи имам и совршен задник. Немојте да одите по дома без градник и градите да ви висат!“, вели актерката која што веќе две години е верена со бизнисменот Ник Леоб.

18.04.2014 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега