Како да ѝ купите долна облека а да не ја погрешите

Порано или подоцна мажите кои се во врска се соочуваат со тој “страшен и тежок” момент кога ќе мораат да пазарат во продавница за женска долна облека. За некои мажи ова е толку срамно, што тоа ќе им биде последната работа што ќе ја направат поврзана со долна облека.

Токму поради тоа е направен овој едноставен водич за купување на женска долна облека, за мажите да можат полесно да го преживеат тој чин.

Што сакаш ти, а што сака таа?

 

Пред сѐ, треба да знаете дека тоа што вие го сакате не значи дека го сака и таа. Вашиот поим за сексапил се разликува од нејзиниот. Обидете се да сфатите што таа сака, што носи и што ќе ѝ се допадне.

Водете сметка за да не купите нешто во кое ќе се чувствува лошо, слабо, дебело.. Не заборавајте дека девојките се доста комплицирани, па нема да погрешите ако купите нешто слично на тоа што го има.

Скапото е најдобро

Кај долниот веш ова правило за жал е вистинито. Ако не знаете што да ѝ купете – купете ѝ го најскапото. Дури и девојките кои не се палат на скапи работи сакаат да имаат квалитетна долна облека од позната марка, бидејќи тоа им ја зголемува самодовербата и се чувствуваат удобно да ја покажуваат.

Прашајте експерти

Можеби ќе ви звучи чудно, но девојките кои работат во ваквите продавници нема да мислат дека сте манијак и сигурно ќе ви помогнат. Ако немате другарка која би ви помогнала, побарајте помош од експертите во продавницата.

 

Добро одберете ја големината

Ова е малку покомплициран дел, но ако навреме се припремите, големи се шансите да погодите. Погледнете ја големината на долниот веш кој таа го носи. За гаќички е едноставно, но за градник морате да ја откриете и големината на корпата. Споредете неколку нејзини градници и побарајте ја истата големина.

Водете сметка за стилот

Едноставно, немојте да ѝ купите црни сатенски танги ако таа секогаш носи бел памучен веш. Пред да отидете размислете кој стил ќе ѝ се допадне. Секако дозволени се и малку варијации во кругот на стилот.

Што да правите, а што не

Никако немојте да ѝ купите мал веш!

Не купувајте веш со смешни пораки, апликации, ланци, пуфки и други додатоци.
Купувајте веш кој има памучна основа на чувствителните делови.
Прашајте ја продавачката за совет.

29.04.2014 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега