Заев: Владата во мислењето до Општина Центар не укажува дека треба да се руши Порта Македонија

 Владата со мислењето испратено до Општина Центар не бара да се урне проектот Порта Македонија или кој било друг од споменатите објекти, рече премиерот Зоран Заев.

-Мислењето дадено од Владата до Општина Центар не укажува дека треба да се руши кој било од споменатите бјекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата дадени од самите стручни комисии формирани од извршната власт, истакна Заев одговорајќи на новинарско прашање.

Тој додаде дека конкретниот проект, Порта Македонија, не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај и дека низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила, односно дека е дозвоелна  непречена комуникација.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.09.2020 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега