Кои холивудски актери ја добија најнавредливата награда?

Камерон Дијаз и Кирк Камерун ја добија навредливата награда за најлоша актерка и најлош актер на годинешните 35-ти антинагради „Златна малина“. Кирк е големиот годинешен „победник“, бидејќи освои четири „Златнималини“ од шестте категории во кои беше номиниран тој и неговата комедија „Спасувањето на Божик“: најлош филм, најлош актер, најлошо сценарио и најлош екранизиран дует за него и неговото его.

250cameron diaz covers self250Kirk-Cameron-light-Faceb

Дијаз, пак, ја освои малината испрскана со златен спреј, вредна помалку од пет долари, за своите улоги во две комедии: „Другата жена“ и „Секс снимка“.

Модерната верзија на мјузиклот „Ени“, во кој исто така учествува Камерон Дијаз, заедно со Џејми Фокс и Квавенжани Волис, беше прогласен за најлош римејк, имитација или продолжение.

Фаворитот за антинаградите Мајкл Беј беше награден како најлош режисер за „Трансформерс: Ера на истребувачите“, иако филмот заработи над една милијарда долари. 

Замислена како пародија на наградите „Оскар“, антинаградите „Златна малина“ се врачуваат на еден ден пред доделувањето на најпрестижните награди во светот на филмот.

Антинаградите се воведени во 1980 година од публицистот Џон Вилсон и секоја година се доделуваат од членовите на истоимената фондација за најслаби постигнувања на филмот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега