Клековски потврди дека влегува во раководството на ВМРО-ДПМНЕ
Сашо Клековски, политички аналитичар, ќе стане дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, потврдил за „Фокус“.
Клековски, кој дваесетина години е на раководни позиции во граѓанскиот сектор, ќе влезе во новиот Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Изјава ќе даде по завршувањето на седницата на Централниот комитет, пред кој партискиот лидер ќе предложи нови членови на ИК, како и потпретседатели.
31.01.2022 - 18:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа