Шахпаска: Вработувањата во здравството не се непотизам туку испорачување на вистински мерки кон граѓаните

Вработувањата во здравството не се непотизам туку испорачување на вистински мерки кон граѓаните. Укинати се лихварските уценувачки договори за одење на специјализација, што ВМРО-ДПМНЕ ги правеше со години, ги плаќаме достоинствено приватните специјализанти. Во криза купуваме респиратори, 160 респиратори се пристигнати, а вашата помошник, заменик – министер по финансии несакаше да потпише кредит со кој 33 милиони евра ќе влезеа во здравството во време на криза, одговори Шахпаска на обвинувањето на Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ за вработувањата на 780 доктори и 1000 сестри во здравствениот сектор.

-Автопатот Миладиновци –Штип беше готов само 53 отсто, немавте направено ниту експропријација, оставивте електрични столбови на автопат. Патот Крупиште –Пробиштип денес се гради квалитетно, вистинска асфалтна траса-одговори Јагода Шахпаска во контра реплика на Јанушев, носител на ИЕ 3 од ВМРО-ДПМНЕ.

Во новата програма на СДСМ имаме проект „Македонија без кал“ кој опфаќа 70 милиони евра распределен на сите општини.

Таа посочи дека во источна Македонија никогаш не се градело толку.

-Само во општина Берово направени се 42 километри регионален пат од кога дојдовме на власт. Исто таква инфраструктура се изгради и во Виница , кон Струмица , кон граничен премин Клепало, Делчево е поврзано со патна инфраструктура кон Каменица отстранети се свлечиштата. Конкретно Пехчево од овој проект ќе добие 600 илјади евра за изградба на улиците, општина Берово 800 илјади евра за локални патишта –истакна Шахпаска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 21:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега