Заев: ДУИ не вредат пет пари

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на социјалната мрежа истакна дека неговиот коалициски партнер во сегашната влада, ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови.

Според него, тие имале 20 пратеници ко се преполовиле на 10, а овие избори ќе имаат уште помалку.

-Сепак и покрај тоа што ДУИ не вреди пет пари, на 27 април 2017 година со сопствен живот го бранев животот на Талат Џафери. Јас сум ја покажал и докажал мојата љубов и почит кон Албанците на дело. Не само со зборови туку и на дело. Го донесовме Законот за јазици, се грижиме за сите заедници, прв сум ги повикал Македонците да гласаат за Албанци и Албанците за Македонци, прв сум ја отворил партијата за Албанци високи функционери, прв направив предизборна коалиција со албанска партија и лично и фамилијарно сум поврзан со Албанците, кум сум на Мухамед Зекири и тоа ми е големо задоволство, напиша Заев на Фејсбук.

 

 ДУИ не вредат пет пари на пазарот на гласови. Тоа е мојот став денес, беше мој став и тогаш, во времето кога е...

Posted by Zoran Zaev on Friday, 10 July 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.07.2020 - 18:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега