Ништо од кралската венчавка - принцот Хари раскина со својата девојка

29- годишниот принц Хари  раскина со својата девојка 25- годишната Кресида Бонаси покрај бројните навестувања во медиумите дека тие двајцата, набргу, ќе ја објават својата свршувачка тоа сепак не се случи.

Лондонските веснци кои на раскинувањето со девојката на омилениот млад принц, посветуваат големо внимание, тврдат дека двегодишната врска пропаднала откако Бонас ја „загубила битката со сознанието дека таа е девојка на принцот“.

Хари и младата Кресида Бонас беа неразделни во изминатите месеци, дозволувајќи им на фоторепортерите да ја бележат нивна љубов и блискост во разни пригоди и на разни јавни места, а кога во минатиот месец, младата двојка се појави првпат заедно, на еден официален настан, почна да се навестува дека младиот принц набргу ќе ја соопшти својата свршувачка.

Луѓе блиски на младата двојка, за весниците во Лондон, сега изјавуваат дека токму таа вест, за наводното озаконување на нивната врска, беше последната сламка за љубовната врска на Хари и Кресида.

Овие извори тврдат дека токму прашањето околу свршувачката и бракот било она околу кое тие двајцата не се согласувале.

Пријателки на Бонас тврдат дека таа од почетокот имала проблем да се снајде со улогата на принцеза во очекување, како и со вниманието што и се придава, сама или кога е заедно со Хари.

Не е мал бројот на оние нивни пријатели кои тврдат дека разделбата е само привремена и значи „земање здив пред да се донесат важните решенија“.

Овие извори велат дека принцот и Кресида го прават истото она што го направија неговиот брат, принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, кои исто така се разделија повеќе месеци, пред да соопштат дека ја обновиле врска, што заврши со веридба, а пред три години и со брак.

Принцот Хари се појави денеска на една воена свеченост не покажувајќи ниту малку вознемиреност, а медиумите објавија дека тој сам ќе патува во САД, на свадбата на еден тамошен пријател.

30.04.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега